Коронавирусот кочи брза реализација на планот

Саша Ќириќ потврди, се обидува да го искористи пријателството со Феликс Магат и да го спаси Вардар

Поранешниот македонски фудбалер, Саша Ќириќ потврди дека се залага за спас на Вардар, тој стапил во контакт со германската компанија „Флаераларм Глобал Сокер“ која ја раководи Феликс Магат, засега не се знае каков ќе биде исходот. 

Саша Ќириќ преку својот фејсбук профил ги потврди гласините дека се залага германска компанија да го преземе раководењето со Вардар.
 
„Би споделил неколку детали околу ситуацијата со Вардар за да не отиде во погрешна насока или да не се шират дезинформации. Со желба на било каков начин да му се помогне на клубот во оваа тешка ситуација, стапив во контакт со германската фирма „Флајераларм Глобал Сокер“ чија основна цел е инвестирање во фудбалски клубови. Тие веќе се делумни сопственици во ФК Флајераларм Адмира Вакер од Австриската Бундеслигата и на ФК Вурзбург Кикерс новиот член на Втората Бундеслига во Германија. Исто така се главен спонзор на германската женска Бундеслига. Главен човек и раководител на фирмата е Феликс Магат, познат германски фудбалер и тренер инаку мој поранешен тренер и сега добар пријател“, вели Ќириќ.
 
„После првичните разговори и мое објаснување за каков фудбалски бренд се работи, се појави интерес кај нив и побараа подетални информации. По остварената средба со градоначалникот Шилегов и водечките луѓе од Вардар, им ги доставив деталните информации за целата ситуација околу клубот. Тука покрај проглемот со долгот кој е неколку милионски и одредени правни проблеми, го имаме и проблемот со корона ситуацијата која оневозможува нормално патување на луѓе т.е. некој да влезе во нашава земја и да се врато во својата земја а да не оди во карантин. Да не се лажеме, никој нема да префрли неколку милиони само со два-три телефонски повика и со мејлови. За да се заврши треба луѓето да дојдат да ја снимат целата ситуација, да седнат со сите инволвирани страни и да го решат проблемот (како и бугарите кои 3-4 пати веќе доаѓаа). Надеж се уште постои но тоа зависи само од нив. За жал времето е тој луксуз кој го немаме ама ако ништо друго барем да пробаме да помогнеме. Да не се каеме после дека не сме ни пробале. Паралелно бараме со одговорните од Вардар помали средства да стартуваат Васоски и момците со подготовките, а исто така и со одредени момци од Комитите размислуваме за одредени идеи како да се помогне на клубот. Штета што повеќе луѓе не се активни околу барање на спас за клубот, затоа што би имале повеќе можности за спас, а не само да останеме на овие две. Најмногу ми е жал што не можам да му ја честитам 73-годишнината на клубот со некоја позитивна вест“.
 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе