Тренерот бесен како рис по поразот од Лион

Сари „удри“ по играчите: Не разбираат што барам од нив, тешко им влегуваат во глава моите замисли

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари беше бесен како рис по поразот од 1-0 на гостувањето кај Лион, вели дека не знае зошто не можат да го разберат неговиот концепт односно дека топката треба брзо да движи.

Маурицио Сари во Наполи применуваше офанзивен и атрактивен фудбал, па затоа Јувентус летоска му ја довери задачата да го крене проектот на едно скалило погоре. Сепак, „старата дама“ се мачи, играта не е на потребното ниво, ниту пак резултатите.

Вечерва Јувентус загуби со 1-0 на гостувањето кај Лион во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, па Маурици Сари реши да удри по своите играчи.

„Тешко ми е да објаснам зошто, но во првиот дел, топката многу бавно ја движевме, па сосема нормално противникот притискаше, ја освојуваше, па дури и погоди. Второто полувреме беше подобро, но искрено, тоа не е доволно во Лигата на шампионите“ – вели тренерот на Јувентус.

„Не знам што е работата, играчите никако да разберат колку е важно топката брзо да движи. Ова е фундаментално, ќе продолжиме да работиме, и наскоро овој концепет ќе им влезе во глава. Продолжувам да им делам совети, но и понатаму има играчи кои пребавно ја движат топката. Вчера на тренинг, топката два пати побрзо се движеше од вечерва. Нема логика во ова, обратно трбеа да се случува. Во последно време многу работи правиме обратно од она што работиме на тренинг. Кога топката се движи бавно, губите посед, му дозволувате на противникот да затвори, да биде агресивен и да ја освои топката. Мислам дека пресингот на Лион не беше толку силен, едноставно ние пребавно ја движевме топката. И со ваква игра, нема да креирата ништо. Не можам да разберам како вчера на тренинг топката се движеше два пати порзо отколку денес на натпреварот“.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе