Јувентус го промовираше Сари

Сари: Три години се будев со мислата како да го победам Јуве, а сега сум тука

Маурицио Сари денеска беше презентиран како нов тренер на италијанскиот шампион Јувентус.

Сари од Челси пристигна во Јувентус, а претходно беше тренер на Наполи кој беше најголемиот ривал на „старата дама“ во трката за скудетото.
 
„Три години се будев со прва мисла како да го победам Јувентус, бидејќи ние бевме најблиску до нив, морална задача ми беше да најдам начин како Наполи да го победи Јувентус“, вели Сари.
 
„Дадов 110% и не успеав да најдам начин. И пак би го направил тоа, би дал се, тоа беше спортско ривалство. Но сега мојот професионализам ме донесе тука за да дадам се од себе за овој клуб“.
 
„Во мојот живот сум ги почитувал сите и сум давал 110 проценти за секој дрес за кој сум работел. Така ќе биде и сега, ќе дадам се од себе“.
 
„Ми се допадна обединетоста која ја видов уште во првиот приод на Јувентус, тоа беше многу важно за мене. Ми требаа само неколку состаноци за да сфатам колку се посветени, силни и со каков менталитет се луѓето тука. Ми се допадна“.
 
„Имам 30 години искуство во преговарање со клубови и мислам дека досега научив да ги читам луѓето. Можам да прочитам кога некој вистински верува во вас“.
 
„Не се работи само за фразите, туку за нивното однесување, за начинот, приодот, напорот кој го прават за да дојдат до вас. Тоа покажува дека тие ве сакаат исклучиво вас за нивен тренер. Тоа беше најважно за мене“.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе