Неочекувана изјава на тренерот на Јувентус

Сари: Очекував помалку од мојот тим

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари вели дека одиграле одличен меч против Лион, тој очекувал полошо издание на неговиот тим.

Јувентус е елиминиран од Лигата на шампионите и тоа од Лион против кој беше реален фаворит по ждрепката. Елиминацијата ќе ги зголеми и шпекулациите за иднината на Сари кој би можел да добие отказ.

Италијанските медиуми неговата изјава по мечот ја протолкуваа како изненадувачка бидејќи Сари рече дека очекувал помалку од тоа што го видел од своите фудбалери.

„Очекував помалку. Мислам дека одигравме одлично вечерва“, вели Сари.

„Се вративме од пеналот по кој примивме гол на почетокот на мечот. Направивме комплетен пресврт, го добивме мечот, креиравме шест или седум одлични шанси за гол“.

„Многу сум задоволен од изданието на моите фудбалери. За жал испаднавме поради првиот меч, поточно лошото прво полувреме на првиот меч“.

„Не знам дали го гледавте мечот меѓу ПСЖ и Лион минатата недела. На тој меч Лион не беа под притисок, одиграа рамноправно. Тоа значи дека ние бевме одлични штом успеавме да ги надиграме и да им создаваме проблеми“.

„Многу сум разочаран од елиминацијата, но многу сум среќен со перфромансите на тимот, покажавме карактер, дадовме се од себе. Доколку не бевме елиминирани, ќе се вратев среќен дома“.

Се очекува утре Сари да има состанок со раководството на Јувентус по кој ќе се знае неговата иднина.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе