Маурицио Сари летото 2019 година потпиша тригодишен договор со Јувентус со годишна плата од шест милиони евра.
По една сезона тој доби отказ, но двете страни не најдоа заеднички јазик за раскин на договорот.
Сари нема да прифати друга работа до крајот на оваа сезона, ќе ги добие тие шест милиони евра без ништо да работи.
А по крајот на оваа сезона, Јувентус има опција во договорот да ја прекине соработката со Сари ако како обесштетување да му плати 2,5 милиони евра.
Тоа значи дека Сари ќе заработи вкупно 8,5 милиони евра за една година без ништо да работи.