Тренерот на Јувентус нема замерки за првата ѕвезда на тимот

Сари: Ме радува тоа што Роналдо се лути кога е заменет, има освоено сè но и покрај тоа е мотивиран

Маурицио Сари нема никакви замерки за однесувањето на Кристијано Роналдо кој се налути кога беше заменет на дуелот со Милан, стратегот вели дека позитивно е тоа што ЦР7 се уште има голема мотивација.

Реакцијата на Роналдо од пред две недели, кога нервозно реагираше на одлуката на Маурицио Сари да биде повлечен од игра, и понатаму е интересна за медиумите.

Во пресрет на дуелот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, Маурицио Сари одговараше на прашања на оваа тема и порача дека нема никакви замерки за однесувањето на ЦР7.

„Не знам што се пишува низ медиумите од Шпанија, но мојот однос со играчот е добар. Доколку некој се лути кога е повлечен од игра, тоа е позитивино, особено доколку се работи за голем шампион како Роналдо, кој има освоено сè, но и покрај тоа се уште има голема мотивација“ - вели тренерот на Јувентус.

„25 години гледам како играчи се лутат кога ќе бидат заменети, ги разбирам па немам никаков проблем“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе