„Старата дама“ состави листа со желби

Сари добива отказ, Јувентус ќе го избира неговиот наследник од Зидан, Инзаги и Покетино

„Старата дама" е во потрага на наследник на Маурицио Сари, на листата со желби за нов тренер се имињата на Зинедин Зидан, Симоне Инзаги и Маурисио Покетино.

За иднината на Маурицио Сари често се пишуваше изминатиов период и се најавуваше дека елиминација од Лигата на шампионите од Лион ќе значи негов отказ.

Стратегот сметаше дека овој меч нема да биде пресуден, но по синоќешниот неуспех, голем број на извори од Италија утрово пренесоа дека деновите на Маурицио Сари се одбројани.

Јувентус го освои Скудетото, но од сезоната нема многу позитивни работи. „Старата дама“ загуби од Лацио во Суперкупот на Италија, потоа од Наполи во финалето од Купот на Италија а сега го заврши и настапот во Лигата на шампиони уште во осминафинале. Исто така, нема ниту трага ниту глас од препознатливиот „Сари-бол“ и убавиот и офанзивен фудбал со кој Италијанецот се прослави на кормилото на Наполи.

Се шпекулира дека сонот на Андера Ањели е ангажман на Зинедин Зидан, веќе бил остварен котакт и бил опипан теренот, Французинот се заблагодарил за покажаниот интерес но одговорил негативно. Првиот човек на Јувентус сепак нема да се откаже од намерата и втор пат ќе тропне на вратата на Зизу со надеж дека елиминацијата на Реал Мадрид од Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе донесе поинаков одговор.

На листата со желби се и Симоне Инзаги, кој беше опција и минатото лето, пред Маурицио Сари да биде назначен, како и Маурисио Покетино, кој во моментов нема ангажман.

Некои медиуми шпекулираат со сензационално враќање на Антонио Конте или Макс Алегри.

Андреа Ањели најави дека во следните денови ќе направи анализа на случувањата, па останува да се види каков потег ќе биде повлечен.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе