Според италијанските медиуми

Сари денеска ќе биде промовиран во нов тренер на Јувентус?

Според италијанските медиуми, Маурицио Сари ќе биде новиот тренер во Јувентус, а потврдата треба да стигне денеска, најдоцна утре.

Весникот близок до Јувентус, „Тутоспорт“ пишува дека остануваат уште детали за Сари официјално да биде промовиран за нов тренер на Јувентус.
 
Стратегот веќе постигнал договор со италијанскиот клуб. Челси ќе му даде зелено светло за заминување, а во текот на денешниот ден се очекува официјално да се случи разделбата со англискиот клуб.
 
Откако Челси ќе соопшти дека Сари повеќе нема да им биде тренер, Јувентус ќе го промовира стратегот во наследник на Алегри.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе