Откако Португалецот нервозно го напушти теренот на мечот со Милан

Сари: Би бил позагрижен ако Роналдо не се нервира кога ќе го извадам од игра

Маурицио Сари открива зошто го извадил Кристијано Роналдо и вели дека е нормална реакцијата на Португалецот кој не беше среќен што излезе од игра. 

Роналдо играше само 55 минути против Милан кога беше изваден од игра, а на негово место влезе Дибала кој подоцна го реши мечот. Португалецот не одигра цел меч ниту против Локомотив Москва.
 
„Мора да му се заблагодариме на Роналдо бидејќи тој направи жртва да биде на мечот во тешка ситуација. Тој даде се од себе за да може да игра, видов дека не е добар и помислив дека е најдобро да го извадам“, изјави Сари по мечот.
 
„Природно е фудбалерот да биде нервозен кога го напушта теренот, особено бидејќи тој работеше напорно за да може да игра. Во изминатиот месец има проблем со коленото поради еден удар на тренинг кој му го повреди лигаментот. Кога тренира со висок интензитет или игра оваа повреда му влијае и на бутните мускули“.
 
„Тоа влијае на неговите перформанси и тој не е во најдобар момент. Сите фудбалери кои се обидуваат да го дадат најдоброто на теренот се нервозни кога ќе треба да излезат од игра, но јас сум тренер и генерално би бил позагрижен доколку тие не се нервираат во таква ситуација“.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе