Селекторот на Португалија го опомена напаѓачот

Сантош: Не ми се допадна тоа што го направи Роналдо

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош вели дека не му се допаднала реакцијата на Кристијано Роналдо и негодувањата кога напаѓачот беше заменет против Јужна Кореја.

Кристијано Роналдо беше во фокусот на денешната прес конференција на Португалија пред дуелот против Швајцарија во осминафиналето. Напаѓачот негодуваше кога беше повлечен од игра против Јужна Кореја, упати и навредливи зборови кон селекторот Фернандо Сантош.

„Како што кажав и тогаш, долу на теренот не слушнав ништо. Бев предалеку и затоа само успеав да видам дека се распава со еден фудбалер на Јужна Кореја“ – рече Фернандо Сантош на денешната средба со медиумите.

„Но ги погледнав снимките, и да, не ми се допадна тоа што го видов. Воопшто не ми се допадна“.

„Но тука завршува се, овие работи се решаваат интерно и сега треба да се фокусираме на утрешниот натпревар.

Запрашан дали размислува да го седне Роналдо на клупа против Швајцарија, тој додава: „Кажувам кој ќе игра во соблекувалната. Кога ќе бидеме на стадион, играчите ќе го дознаат старниот состав. Така се одвиваат работите откако јас сум селектор. Можам само да кажам дека ќе излеземе со тим за кој јас сметам дека може да ни го донесе посакуваниот резултат“.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе