Серија А

Сантиметри фалеа Елмас да даде гол, дуелот меѓу него и Пандев заврши без голови (ФОТО)

Наполи и Џенова одиграа без победник 0-0, Горан Пандев и Елиф Елмас беа дел од овој меч, и двајцата македонски репрезентативци имаа свои моменти. 

Горан Пандев беше стартер на мечот, Македонецот како капитен на Џенова одигра многу солиден меч. На теренот се задржа до 80. минута кога со овации беше поздравен од Сан Паоло, навивачите не го забораваат својот поранешен фудбалер.
 
Пандев одлигра одлично, имаше неколку обиди за погодок но не успеа да реализира.
 
За разлика од Пандев, Елиф Елмас од клупата го почна мечот. Нашиот репрезентативец во игра влезе во 66. минута, па заедно со својот капитен од селекцијата на теренот беше околу 16 минути, а потоа остана сам наш претставник на овој меч.
 
Елмас можеби ја имаше и шансата на мечот, во финишот од мечот биеше со глава, но милиметри недостасуваа топката да отиде зад линијата, Раду со фантастична интервенција го одбрани својот гол.
 
Џенова може да биде задоволна од овој резултат кој значи продлабочување на кризата на Наполи.

Фотографијата е од обидот на Елмас, сантиметри не достасуваа нашиот фудбалер да го даде првиот официјален гол за Наполи.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе