Фудбалерите на Болоња се сплотени во едно

Сансоне: Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за Михајловиќ

Никола Сансоне вели дека никој не е помотивиран од нив, болеста на Михајловиќ дополнително ги сполтила играчите на Болоња кои сега дишат како едно.

Натпреварот против Бреша го покажа карактерот на Болоња, на полувреме губеа со 3-1, но откако преку видео конференција на полувремето им се јави Михајловиќ, тие излегоа на теренот и го добија мечот со 4-3.

А потоа играчите одејќи накај дома со тимскиот автобус застанаа до болницата каде е сместен тренерот и му отидоа под прозор каде го скандираа неговото име.

Офанзивниот играч на Болоња, Никола Сансоне ја објаснува моменталната ситуација во тимот.

„Неговата болест силно не погоди и има така силна сплотеност меѓу нас и тренерот“, вели Сансоне за „Скај Спорт Италија“.

„Навистина сме обединети како тим и прекрасно е да се почувстува како сме поврзани. По минатиот меч сакавме пријатно да го изненадиме и на патот кон дома застанавме да го посетиме“.

„Го сакаме тренерот бидејќи е толку искрен, толку јасен и ни се допаѓа таа негова чесност. Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за нашиот Михајловиќ“.

Денеска Болоња има тежок меч, ја пречекува Рома.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе