Лига на нации

Сањол: Македонија беше фаворит, сега ние сами решаваме за првото место

Селекторот на Грузија, Вили Сањол вели дека неговите фудбалери не смеат да влезат во мечот со Македонија мислејќи дека доволен им е само бод. 

Грузија со бод против Македонија ќе го завери првото место, но доволен ќе им биде и пораз од два гола разлика со оглед на тоа што во последното коло играат против Гибралтар па никој не очекува дека ќе кикснат на тој меч.
 
„За мене Македонија пред стартот на групата беше фаворит и најдобриот тим, зашто играа на Европско, ја елиминираа Италија од Светско, но сега ние сме лидери и сами решаваме за првото место, па ако не успееме да го освоиме ќе бидеме разочарани. Тоа што не смее да го направиме е утре да влеземе со мисла дека ни е доволен и бод“, вели Сањол.
 
„Имавме само еден заеднички тренинг пред мечот, но задоволен сум од тоа што го видов. Мечот што нѐ очекува ќе биде со висок интензитет и ќе видиме колку ќе биде поразличен од тој во Скопје. Ако сакаме победа, мора да бидеме квалитетни на секој дел од теренот, почнувајќи од одбраната. Македонија има одлучна група на фудбалери“.
 

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе