Англичанецот си подал рака со „ѓаволите“ за богата соработка

Санчо станува еден од најплатените во Манчестер јунајтед со договор вреден неверојатни 88 милиони фунти

Според пишувањата на Билд, Џејдон Санчо постигнал согласност со „ѓаволите" за петгодишен договор и плата од 340.000 фунти неделно.

Џејдон Санчо ќе стане еден од најплатените фудбалери на Манчестер јунајтед доколку ова лето се пресели на Олд Трафорд, ова денеска го пренесе Билд.

Весникот вели дека младиот Англичанец постигнал согласност со „ѓаволите“ за петгодишен договор и плата од 340.0000 фунти. Тоа значи околу 17,68 милиони фунти годишно, односно 88,4 милиони фунти за пет години.

Билд исто така додава дека оваа сума е без бонуси, што значи дека примањата на Џејдон Санчо ќе бидат уште поголеми.

Во моментов, далеку најплатен е Алекси Санчез, за кого се пишува дека има неделни примања од 560.000 фунти, па затоа Манчестер јунајтед е подготвен за без пари да го продаде Чиланецот на Интер.

Само уште еден играч на Олд Трафорд има неделни примања над 300.000 фунти, тоа е Давид Де Хеа, кој е најплатен голман во светот со 350.000 фунти неделно.

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе