Директорот на Дортмунд потврди

Санчо останува во Борусија Дортмунд, ништо од трансфер во Манчестер јунајтед

Директорот на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк децидно одговори дека Џејдон Санчо нема да биде продаден ова лето, тој ќе остане во германскиот тим.

Иако се пишува дека Манчестер јунајтед и Борусија Дортмунд сигурно ќе постигнат договор за трансфер на Џејдон Санчо, тоа нема да се случи.

„Во план ни е да го имаме Џејдон Санчо во нашиот тим оваа сезона, одлуката е конечна. Мислам дека ова е одговор на сите ваши прашања“, им соопшти Цорк на новинарите пред почетокот на подготовките за новата сезона.

„Минатото лето ја прилагодивме платата на Џејдон во сооднос со неговиот развој и резултати. Па тој веќе тогаш го продолжи договорот до 2023 година“.

Борусија Дортмунд денеска ги почна подготовките за новата сезона, а на списокот од играчи кои отпатуваа во Швајцарија беше и Џејдон Санчо.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе