Трансферот наскоро треба да се реализира

Санчо ќе потпише за Манчестер јунајтед, а на Сити ќе му донесе 15 милиони фунти

И Манчестер Сити ќе се офајди од трансферот на Џејдон Санчо во нивниот градски ривал, Јунајтед, тие треба да добијат 15% од зделката. 

Преговорите за трансфер на Санчо од Борусија Дортмунд во Манчестер јунајтед се во завршна фаза, наскоро се очекува зделката да биде комплетирана.
 
Претходно Санчо од Манчестер Сити замина во Борусија Дортмунд, а според „Тајмс“, во договорот меѓу двата клуба стои дека Англискиот клуб треба да добие 15% од профитот кој Германците ќе го направат во следниот трансфер на фудбалерот.
 
Се очекува трансферот на Санчо да биде вреден околу 100 милиони фунти, а тоа значи дека 15 милиони од тие треба да се слеат во касата на Манчестер Сити.
 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе