Уште едно засилување од Манчестер јунајтед

Санчез се враќа во Серија А, се договорил со Интер

Санчез се враќа во Серија А, тој е пред трансфер во Интер, се договорил со италијанскиот клуб, останува уште да добие зелено светло од Манчестер јунајтед.

Според „Скај Спорт Италија“, агентот на Санчез отпатувал во Англија на завршни разговори со Манчестер јунајтед.
 
Тој се согласил да потпише за Интер, среќен е што ќе игра во Милано и ќе биде дел од Лигата на шампионите. Низ годините имал повеќе разговори со Антонио Конте со кој конечно ќе работи.
 
Трансфер експертот, Џанлука Ди Марцио вели дека Санчез прифатил за Интер да игра за значително помала плата од таа која ја добивал во Манчестер јунајтед.
 
Се шпекулира дека договорот ќе биде едногодишна позајмица со опција целосно да биде откупен по крајот на сезоната. Можно е откупот да биде задолжителен доколку се остварат одреден број на настапи.
 
Интер веќе купи играч од Манчестер јунајтед ова лето, Ромелу Лукаку, ако се биде како што се пишува во Италија, наскоро и Санчез ќе го облече сино-црниот дрес.
 
Тој главната промоција ја имаше токму во италијанската лига играјќи за Удинезе.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе