Чилеанецот ја врати желбата за игра

Санчез: Интер ме натера повторно да се заљубам во фудбалот

Пред натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона, Алексис Санчез вели дека Интер направил повторно да се заљуби во фудбалот. 

По 18 мизерни месеци поминати во Манчестер јунајтед, Алексис Санчез се врати во Серија А и го облече дресот на Интер, таму игра како позајмен фудбалер со опција комплетно да биде откупен.
 
Доаѓањето во Интер беше како повторно заљубување во фудбалот. Веќе го знаев тренерот и некои од играчите, и верувам дека клубот подготвува нешто прекрасно во иднина“, вели Алексис Санчез.
 
„Не сум грешка, Интер не освоил ништо последните седум осум години. Ова беше како повторно пронаоѓање на љубовта за фудбалот и враќање на желбата повторно да победувам со овој клуб“.
 
„Секој играч би сакал да ја освои Лигата на шампионите. Играте во тоа натпреварување за да го освоите, не само за да играте. Јас играм за да ја освојам“.
 
„Прекрасно е за секој фудбалер и во Интер сите мора да се возбудени што повторно играат во ЛШ“.
 
Во среда Интер гостува кај Барселона за која Санчез играше од 2011 до 2014 година.
 
„Научив многу во Барселона и напредував. Имав до мене фудбалери кои се трудеа секој ден да напредуваат. Денешните играчи мора да имаат таков приод. Кога отидов во Барселона луѓето зборуваа дека тоа е најдобрата Барселона во историјата“.
 
„Таму беа Гвардиола, Меси, Чави и Иниеста. Беше Пујол кој беше неверојатен капитен, најдобриот кој сум го имал досега во кариета. Беше убаво, таму учите да играте поинаков фудбал, со посед на топката“.
 
„Знам колку е тешко да се игра на Камп Ноу и како противник. Доколку имаме една или две шанси не смееме да ги пропуштиме. Играв таму со Јунајтед и пропуштивме три или четири чисти шанси. Ако сакате да ја победите Барселона, не смеете да не реализирате чисти шанси“.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе