Уште една празна најава или Русинот овој пат навистина ќе си оди?

Самсоненко си оди од Вардар, фудбалерите се слободни да си бараат нови клубови?

По денешниот пријателски натпревар против Црвена звезда, на фудбалерите на Вардар им било соопштено дека Самсоненко си оди од клубот и тие ќе бидат ослободени од договорите и ќе можат да си заминат. 

Самсоненко крева раце од фудбалскиот клуб Вардар, Русинот ќе ги остави фудбалерите кои во моментов се лидери на табелата во македонското првенство.
 
Иако во подмладен состав Вардар играше храбро, дрско и убаво за око во првиот дел од сезоната, момците на Васоски сосема заслужено се најдоа на првата позиција. Во тимот владее голема хармонија меѓу фудбалерите, а одличен е и нивниот однос со навивачите. Но на сето тоа може да му дојде крајот уште пред да заврши сезоната.
 
По денешниот натпревар меѓу Вардар и Црвена звезда, на фудбалерите им било соопштено дека Самсоненко ќе си оди од клубот, а тие ќе бидат ослободени од договорите и ќе можат да заминат како слободни играчи.
 
Наводно Самсоненко ќе го врати клубот на Град Скопје кој ќе бара нов сопственик, а додека не го најде веројатно ќе го води со скромен буџет.
 
Но, да не заборавиме дека ова не е прв пат Самсоненко да најави заминување од Вардар па да биде предомислен. Можеби ова е уште една таква епизода, но можеби овој пат и навистина ќе си оди. Повеќе информации се очекуваат кон крајот на оваа недела.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе