Серија А

Сампдорија ја прекина серијата од 11 меча на Интер, победи за Аталанта, Рома и Лацио (ВИДЕО)

Сампдорија го изненади Интер, славеше со 2-1 и ја прекина серијата на „нероаѕурите" од 11 меча без пораз во Серија А, Аталанта, Рома и Лацио прокнижија нови три бода.

Интер се враќа со празни раце од гостувањето кај Сампдорија. Избраниците на Конте имаа прилика да поведат но Алексис Санчез промаши пенал, а Ешли Јанг ја затресе пречката откако прв стигна до одбиената топка.

За промашувањето казна стигна во 23. минута, Кандрева од белата точка донесе 1-0. До крaјот на првиот дел следуваше нов шок, Кеита погоди за 2-0.

Во продолжението од мечот, Де Врај намали на 2-1, Интер притискаше за втор гол, но резултатот остана непроменет.

Аталанта забележа нов триумф откако со 3-0 ја совлада Парма. Рома со 1-3 победи на гостувањето кај Кротоне а Лацио дома со 2-1 триумфираше против Фиорентина.

Несторовски и Удинезе во 92. минута се изборија за бод на гостувањето кај Болоња, додека Сасуоло со 2-1 ја совлада Џенова, за кого не настапи Горан Пандев.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе