Кој е селектор на Аргентина?

Сампаоли го праша Меси: Дали да го внесам Агуеро во игра? (ВИДЕО)

Камерите уловија интересен момент на дуелот помеѓу Аргентина и Нигерија, Хорхе Сампаоли го праша Лео Меси дали да го внесе во игра Кун Агуеро

Со години се пишува дека Лео Меси е „шефот“ во репрезентацијата на Аргентина и тој кажува кој да игра а не селекторите. Во пресрет на дуелот со Нигерија, имаше стории за бунт во составот на „Гаучосите“ кој го предводел токму Лео Меси. Група играчи барале Хорхе Сампаоли да добие отказ.

Стратегот остана, но се говореше дека играчите ќе бидат тие кои ќе го состават тимот и Аргентина вчера против „Супер орлите“ излезе со нова формација и големи промени во составот.

Дека Хорхе Сампаоли нема контрола, покажа и еден момент од вчерашниот меч против Нигерија. Камерите го уловија селекторот како бара дозвола од Лео Меси за на теренот да истрча Кун Агуеро.

„Дали да го внесам Агуеро во игра?“ – Сампаоли го праша Меси покрај аут линијата. Напаѓачот на Манчестер Сити доби шанса во 80. минута кога го замени Николас Таљафико.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе