Серија А

Само реми за Милан кај Каљари, првенец на Игуаин (ВИДЕО)

Милан одигра 1-1 на гостувањето кај Каљари, Гонзало Игуаин го постигна првиот гол во дресот на росонерите.

Милан не успеа со целиот плен да се врати од гостувањето кај Каљари, „росонерите“ губеа по првото полувреме, на крајот дојдоа до бод благодарение на Игуаин.
 
Каљари поведе уште во четвртата минута кога една топка дојде до Жоау Педро кој реализираше за 1-0.
 
По десет минути игра во вториот дел Игуаин постигна гол за изедначување на 1-1, негов прв погодок за Милан.
 
До крајот на мечот тимот на Гатузо се обидуваше да дојде до комплетен пресврт и победа, но не успеа.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе