Премиерлига

Само бод за Манчестер Сити против Саутемптон, Арсенал врза две победи по ред (ВИДЕО)

Манчестер Сити одигра меч без голови против Саутемптон, Одегард со прекрасен гол од слободен удар му донесе победа на Арсенал кај Барнли, Ливерпул со убедливи 3-0 го совлада Кристал Палас. 

Манчестер Сити беше голем фаворит против Саутемптон, се очекуваше сигурен триумф, но тоа не се случи. Мрежите на овој меч останаа мирни.
По трите порази по ред, Арсенал врза две победи. Овој пат го совладаа Барнли на негов терен со 1-0.
Одегард во 30. минута со прекрасен гол од слободен удар ја донесе победата.
За разлика од Сити, Ливерпул дојде до лесна победа денеска. Беше совладан Кристал Палас со 3-0.
Мане го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, Салах во 78. минута зголеми на 2-0, а Кеита на минута пред крајот ги постави конечните 3-0.
 
Ватфорд со 3-1 славеше на гостувањето кај Норич.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе