Премиерлига

Само бод за Ливерпул против Кристал Палас, првиот меч на Нуњез на Енфилд помина неславно (ВИДЕО)

Ливерпул одигра само 1-1 против Кристал Палас и загуби два бода, до ремито дојде со играч помалку откако новото засилување Дарвин Нуњез непотребно направи црвен картон. 

Дарвин Нуњез денеска го играше својот прв официјален натпревар за Ливерпул на Енфилд и ќе сака брзо да го заборави.
 
Напаѓачот во 57. минута заработи директен црвен картон откако наседна на провокација од противнички играч и го удри со глава.
 
Претходно во првиот дел по една контра Заха постигна гол по асистенција од Езе за водство на Кристал Палас од 1-0.
 
Брзо по исклучувањето на Нуњез, Ливерпул успеа да израмни благодарение на еден фантастичен соло гол на Луис Диаз.
 
До крајот на мечот и покрај тоа што имаше десет играчи, Ливерпул со сите сили се обидуваше да дојде до победа, но трите бода можеа да отидат и на контото на Кристал Палас бидејќи Заха ја погоди стативата, а имаа и други шанси од контра напади.
 
Во следното коло Ливерпул му гостува на Манчестер јунајтед.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе