Серија А

Само бод за Интер против Специја, Јувентус ја победи Парма (ВИДЕО)

Интер не го искористи во целост киксот на Милан одигра 1-1 кај Специја и само за дополнителен бод ја зголеми предноста на врвот, Јувентус својува значајна победа од 3-1 над Парма. 

Специја имаше одличен старт на мечот, му даде гол на Интер уште во 12. минута, стрелец беше Фариаш.
 
На пет минути до крајот на првото полувреме Перишиќ го изедначи резултатот на 1-1.
 
Во последните 20 минути Интер изврши голем притисок, се изнапромашува шанси, му беа поништени и два гола поради офсајд, резултатот остана непроменет.

Јувентус освои големи три бода во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите откако ја совлада Парма со 3-1.
 
Гостите поведоа со гол на Бругман во 25. минута, но следуваа два гола на Алекс Сандро и еден на Де Лихт за триумф на Јуве.
 
Несторовски ги одигра последните 30 минути од мечот на Удинезе со Каљари кои го загубија со 1-0.

Еден гол и беше доволен и на Сампдорија да победи икај Кротоне, Болоња и Торино одиграа 1-1.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе