Ла Лига

Само Бензема знае да погоди во Реал, Леганес до историски бод (ВИДЕО)

Леганес за прв пат се радува на бод во дуелите со великанот Реал, популарните „Лос пепинерос" вечерва се изборија за 1-1 пред своите фанови.

Малиот тим од предградието на Мадрид на претходните пет меча против „кралевите“ доживеаja исто толку порази. Сепак, избраниците на Пелегрини вечерва ја искористија лошата форма на фаворитот, се изборија за 1-1 пред своите фанови и стигнаа до првиот бод од дуелите со Реал.

Домаќините поведоа во последните мигови од првиот дел, Силва доби топка на врвот од шеснаесетникот и умешно пласираше за водство од 1-0.

Реал Мадрид изедначи на стартот од вторите 45 минути. По една бравура на Модриќ, Бензема погоди за 1-1 и ја продолжи голгетерската низа. Французинот ги постигна последните пет гола на „кралевите“.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе