Малдини во тефтерот има три имиња

Салемакерс и Месиас не се доволно добри, Милан носи звучно име за десната крилна позиција

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан е во потрага на ново десно крило, на листата со желби се Ријад Марез од Манчестер Сити, Марко Асенсио од Реал Мадрид и Доменико Берарди од Сасуоло.

Милан до крајот на месецот треба да добие нови сопственици, се очекува „росонерите“ да имаат солиден трансфер буџет, и еден од приоритетите ќе биде ангажман на квалитно засилување за десната крилна позиција.

Салемакерс и Месиас не се доволно добри, па Малдини и Масара сакаат да донесат играч кој ќе гарантира голови и асистенции во текот на целата сезона.

Ријад Марез од Манчестер Сити е една од желбите, Алжирецот може да биде купен за 40 милиони евра, но проблем е интересот на ПСЖ и високата плата на фудбалерот.

Марко Асенсио од Реал Мадрид исто така е во тефтерот на Малдини, Шпанецот наскоро ќе седне на маса со раководството на „кралевите“ и доколку не добие добра понуда за продолжување на соработката, ќе побара трансфер.

Доменико Берарди од Сасуоло е последното име, Италијанецот подолго време е на радарот на Милан и се шпекулира дека преговорите помеѓу двата клуба се во напредна фаза, Газете дело Спорт пишува за трансфер вреден помеѓу 30 и 35 милиони евра.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе