Милан до крајот на месецот треба да добие нови сопственици, се очекува „росонерите“ да имаат солиден трансфер буџет, и еден од приоритетите ќе биде ангажман на квалитно засилување за десната крилна позиција.
Салемакерс и Месиас не се доволно добри, па Малдини и Масара сакаат да донесат играч кој ќе гарантира голови и асистенции во текот на целата сезона.
Ријад Марез од Манчестер Сити е една од желбите, Алжирецот може да биде купен за 40 милиони евра, но проблем е интересот на ПСЖ и високата плата на фудбалерот.
Марко Асенсио од Реал Мадрид исто така е во тефтерот на Малдини, Шпанецот наскоро ќе седне на маса со раководството на „кралевите“ и доколку не добие добра понуда за продолжување на соработката, ќе побара трансфер.
Доменико Берарди од Сасуоло е последното име, Италијанецот подолго време е на радарот на Милан и се шпекулира дека преговорите помеѓу двата клуба се во напредна фаза, Газете дело Спорт пишува за трансфер вреден помеѓу 30 и 35 милиони евра.