Познато е колку ќе паузира по синоќешната повреда

Салах во трка со времето за настап во Русија, но Египќанецот верува во себе: Јас сум голем борец

Мохамед Салах се огласи на социјалните мрежи и порача дека патува за Русија, медиумите пишуваат дека тој ќе биде во трка со времето и го чека пауза од три недели

Фудбалерот на Ливерпул вчера по половина час игра со солзи во очите го напушти теренот на Олимпискиот стадион во Киев откако лошо падна по еден дуел со Серхио Рамос.

Египјанецот го повреди рамото, па под знак прашалник беше ставен неговиот настап на Светското првенство.

Откако вчера беа извршени серија тестови, денеска Мохамед Салах направил нови снимки и според неколку извори, играчот го чека пауза од три недели. Па тој ќе настапи на мундијалот и останува само да се види дали ќе биде фит за првиот меч на Египет против Уругвај на 15. јуни.

Самиот играч вечерва исто така се огласи на социјалните мрежи и изрази надеж дека ќе патува за Русија.

„Ова беше многу тешка вечер, но јас сум борец. И покрај тоа што шансите не се на моја страна, убеден сум дека ќе бидам во Русија и сите ќе ве направам горди. Вашата љубов и поддршка ми ја даваат потребната сила” – гласеше неговиот пост.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе