„Сините“ имаат заслуга за богатиот договор на Египјанецот

Салах подготвувал сензационално враќање во Челси пред да стави потпис на нов договор со Ливерпул

Според пишувањата на Сан, Мохамед Салах подготвувал сензационално враќање во Челси пред да стави потпис на нов договор со Ливерпул, токму интересот на „сините" го натерало клубот од Енфилд на маса да стави богат предлог.

Мохамед Салах оваа недела стави крај на шпекулациите и ја продолжи соработката со Ливерпул до 2025 година.

Двете страни долго време беа во преговори, „црвените“ во прв момент не сакаа да му ги исполнат барањата на Египјанецот, но на крајот го направија најплатениот фудбалер во историјата на клубот.

Како што пренесува Сан, Челси е виновникот за богатиот договор на Мохамд Салах. Новиот сопственик на „сините“, Тод Боли сака да реализира трансфер бомба ова лето и било разговарано за сензационално враќање на Египјанецот на Стемфорд Бриџ.

Весникот додава дека Мохамед Салах, преку својот агент Рами Абас, ги известил газдите на Ливерпул дека размислува одново да го облече дресот на Челси. Тие биле свесни дека преселба на напаѓачот во ривал од Премиерлигата ќе изгледа лошо, па на маса ставиле богат предлог.

Се верува дека платата на Мохамед Салах во иднина ќе биде околу 400.000 фунти неделно, речиси двојно повеќе од она што го добива Вирџил ван Дајк. Со вакви бројки, Египјанецот не само што ќе биде најплатен во историјата на Ливерпул, ќе биде и еден од најплатените во Премиерлигата.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе