Аргентинецот му се доверил на пријател две недели пред кобниот лет

Сала не сакал трансфер во Кардиф но бил принуден: Нант инсистира да ме продаде, ги интересираат само парите!

Во документарен филм за Емилијано Сала кој го направи „Л’Екип“, беше објавен разговор помеѓу напаѓачот и негов пријател, Аргентинецот кажува дека не сака во Кардиф и покрај тоа што на маса има убав договор, но Нант инсистирал на комплетирање на зделката.

Напаѓачот во јануари требаше да започне нова фудбалска авантура, но го снајде трагедија, авионот со кој патуваше кон Кардиф се урна во Англискиот канал. За смртта на Емилијано Сала има многу прашалници, а истрагата се очекува да трае и до една година.

Францускиот весник Л’Екип синоќа објави документарец за Емилијано Сала во кој беше пуштена снимка од разговор на Ватс ап помеѓу играчот и негов пријател.

Две недели пред кобниот лет, Емлијано Сала вели дека не е заинтересиран за трансфер во Кардиф и покрај тоа што на маса има убав договор, но вели дека Нант инсистира да се реализира трансферот (вреден 15 милиони фунти, односно 17 милиони евра) бидејќи клубот ќе заработи многу пари.

„Синоќа, му испратив порака на Меиса (Н’диаје, агентот на Сала), ми се јави по неколку часа. Дискутиравме и ми кажа дека вчера, Франк Кита (син на сопственикот на Нант, Валдемар) му пратил порака дека треба да разговараат, па му се јавил. Разговарале... Нант сака да ме продаде“ – вели Сала.

„Па, на маса денес има понуда од Кардиф. Од нивна (Нант) страна, преговарале за да добијат многу пари. И апсолутно сакаат да ме продадат. Навистина договорот кој ми се нуди е добар, но од перспектива на фудбалот, не сум заинтересиран“.

„На секој начин се обидуваат да ме натераат да одам таму. Не сум исплашен од предизвикот, се борам од почетокот на мојата кариера. Не ми е страв да одам таму и да се борам. Сепак, си мислам дека Меиса мора да ми најде нешто подобро до крајот на преодниот рок. Меиса му кажа НЕ на Кардиф бидејќи и тој не сака да одам таму“.

„Би сакал да најдам некој интересен предлог кој ќе биде добар и од финансиски и од спортски аспект, но знам дека не секогаш можете да ги имате двете. Од друга страна, не сакам да разговарам со Кита (Валдемар), бидејќи ќе се изнервирам“.

„Ми се гади кога ќе се сретнам лице во лице со него. Тој сака да ме продаде на Кардиф бидејќи договорил висока сума, ќе си ги добие парите кои ги бара. Сака да одам таму, но никогаш не ме прашал што сакам јас. Го интересираат само парите“.

„Вака стојат работите, комплетен хаос. Не знам што да правам, оставен сум сам на себе. Никој ништо не ме прашува, никој не знае низ што помувам, како се чувствувам“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе