Аталанта синоќа го надигра Милан на Сан Сиро и си замина со победа од 0-3 и три бода. Во финишот од мечот, домаќините бараа пенал, а додека судијата вршеше „тивка“ проверка со ВАР, Златан Ибрахимовиќ и Дуван Запата си разменија провокации.
Колумбиецот замери за бројот на пенали кои ги имаат добиено „росонерите“ оваа сезона и му дофрли на Ибра: „Не можете натпревар без пенал. Го сакаш пеналот број 13?“
Швеѓанецот не остана покус и во свој стил му одговори: „Што зборуваш? Имам постигнато повеќе голови отколку ти што имаше одиграно натпревари“.
Златан Ибрахимовиќ навистина има повеќе погодоци (498) отколку Дуван Запата одиграни натпревари (371).
Gol di Zlatan #Ibrahimovic : 498 in carriera
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 23, 2021
Presenze di Duvan #Zapata: 371 gare giocate
OK Zlatan 🤝⚽ ►https://t.co/yZcBxQfKTj#MilanAtalanta pic.twitter.com/Fc8ExrXiT6