Натпреварот само што почна беше прекинат поради пад на системот, судиите не можеа да комуницираат со ВАР собата. По извесно време проблемот беше решен по што мечот продолжи.
Клучниот момент се случи во 35. минута кога Сака од странична позиција шутираше и постигна гол за водство и победа на Арсенал од 1-0.
Во 64. минута Лидс имаше голема шанса да го израмни резултатот, но Бамфорд промаши пенал.
Интересно беше во продолжението од натпреварот кога судијата најпрво досуди пенал за Лидс и му даде црвен картон на Габриел, но по прегледот на ВАР пеналот беше поништен, исто и црвениот картон.