Олимписки игри

САД на Андоновски преку пенали до полуфиналето на Олимписките игри

Женската фудбалска репрезентација на САД предводена од македонскиот стратег Влатко Андоновски стигна до полуфиналето на Олимписките игри откако подобро ги изведе пеналите од Холандија, мечот во регуларниот тек беше 2-2. 

Холандија подобро го почна мечот, поведе со гол на Миедема во 18. минута, но Американките брзо го свртеа резултатот, со голови на Мевис во 28. минута и Вилијамс три минути подоцна поведоа со 2-1.
 
По девет минути игра во второто полувреме Миедема постигна нов гол за Холандија, овој пат за израмнување.
 
Холанѓанките пропуштија голема шанса за победа, во 81. минута Мартенс промаши пенал.
 
Резултатот остана 2-2, се играа и продолженија во кои не беше постигнат гол, па пеналите го решаваа победникот.
 
Американките беа перфектни, ги погодија сите пенали, Холанѓанките промашија двапати.
 
САД во полуфиналето ќе играат против својот сосед, Канада која на пенали го победи Бразил, немаше голови по 120 минути игра.
 
Во второто полуфинале ќе играат Шведска и Австралија. Швеѓанките со 3-1 беа подобри од Јапонија, а Австралија по продолженија ја совлада Велика Британија со 4-3.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе