Успех на македонскиот тренер

САД на Андоновски го освои трофејот на КОНКАКАФ и обезбеди пласман на ОИ и СП (ВИДЕО)

Женската фудбалска репрезентација на САД триумфираше на КОНКАКАФ првенството кое се одржа во Мексико откако во финалето ја совлада селекцијата на Канада со 1-0. 

Избраничките на македонскиот стручњак, Влатко Андоновски кој е селектор на САД, запишаа уште еден трофеј во нивната историја.
 
Тие во финалето ја совладаа селекцијата на Канада со 1-0 со гол на Алекс Морган од пенал во текот на второто полувреме.
 
На турнирот во Мексико учествуваа осум репрезентации од Северна Америка, Средна Америка и Карибите.
 
Покрај трофејот, овој успех за САД значи и директен пласаман на Олимписките игри во Париз, и место на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд.
 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе