„Посебно не ако човекот е од друга раса“

Руските политичари ги советуваат жените од својата земја: Немојте да имате секс со странци за време на СП

Руската пратеничка, Тамара Плетњова ги советува жените од својата земја да немаат секс со странци за време на Светското првенство бидејќи ќе настане проблем ако останат бремени.

Тамара Плетњова е руска пратеничка која е претседател на Комисијата за прашања за семејството, жените и децата. Таа имаше излагање пред почетокот на Мундијалот.
 
„Немојте да имате секс со странски мажи. Може да останете бремени и ќе биде проблем ако човекот е од друга раса. Децата родени од мешани двојки најмногу страдаат уште од советско време. Бидејќи мајките се принудени сами да ги одгледуваат, а татковците ја напуштаат земјата штом натпреварувањата ќе завршат“, вели Тамара Плетњова.
 
Таа вели дека не е националист, но ги советува Русите дека треба да имаат партнери од својата земја и да изградат стабилна фамилија.
 
„Не сум националист. Би сакал луѓето во нашата земја да се венчаат поради љубов без разлика од кој етникум се, руските граѓани би требало да градат добра фамилија, да живеат во хармонија, да имаат деца и да ги израснат“.
 

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе