УС Опен

Руските и белоруските тенисери ќе може да играат на УС Опен

За разлика од Вимблдон, УС Опен ќе дозволи настап на руските и белоруските тенисери, но под неутрално знаме. 

Вимблдон беше најригорозен кон тенисерите од Русија и Белорусија и забрани нивно учество и покрај противењето на АТП и на многу тенисери поединечно.
 
Таквиот пример нема да го следи УС Опен кој ќе дозволи настап на тенисерите од овие две земји.
 
Услов ќе биде да бидат под неутрално знаме, нешто што е случај и на другите турнири.
 
Но, неизвесен е настапот на Новак Ѓоковиќ, во САД се уште може да се влезе само со примена вакцина, а уште не се знае дали на УС Опен ќе може да играат тенисери со специјални дозволи.
 
УС Опен оваа сезона започнува на 29. август.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе