Си тераат мајтап со гигантот од Португалија по одличната партија на Краснодар

Русите го тролаат Порто: Извинeте, ама не прикажуваме филмови за возрасни (ФОТО)

Русите решија да тераат мајтап со Порто откако Краснодар синоќа го освои „Драгао" со 2-3 и обезбеди пласман во плеј-офот од Лигата на шампионите.

Порто, кој редовно учествува во групната фаза од ЛШ, минатата недела триумфираше на гостувањето во Русија со 0-1 и вчера важеше за голем фаворит за прогрес во плеј-офот. 

Но Краснодар одлично го отвори мечот на „Драгао“ и на полувреме водеше со високи 0-3. Домаќините во продолжението од натпреварот постигнаа два гола, но тоа не беше доволно за да се избегне елиминација. 

Па една руска телевизија реши да си тераат мајтап со гигантот од Португалија и на социјалните мрежи објави: „Се извинуваме, ама немаме лиценца за прикажување на филмови за возрасни. Краснодар го уништи Порто на „Драгао“ во првото полувреме, и преживеа во второто“.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе