Дресот веќе беше промовиран и се најде на продажба во многу продавници

Русија одбива да го носи новиот дрес, Адидас место руски, им направи српски дизајн (ФОТО)

Русија пред една недела ги промовираше новите дресови со кои ќе треба да настапи на Европското првенство, но сега играчите одбиваат да ги носат откако Адидас направи мала грешка во дизајнот.

Репрезентациите полека почнуваат да ги презентираат новите дресови со кои ќе настапат на континенталниот собир во 2020, промоција минатата недела направи и Русија.

Сепак, „зборнајата“ одбива да го носи дресот и за последните два натпревари од квалификациите против Белгија и Сан Марино ќе го носи стариот. Причина е грешката во дизајнот која ја има направено Адидас.

Спорни се боите на ракавите, кои треба да го симболизираат знамето на Русија, но тие се поставено обратно и дизајнот наликува на знамето на Србија.

Германскиот производител на опрема се извини и најави дека ќе ја исправи грешката во најбрзо можно време.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе