Руни беше блиску до заминување од Манчестер јунајтед во 2010 година. Тој достави и барање за трансфер, но потоа се предомисли и потпиша нов договор.
Како опции за трансфер биле Реал Мадрид, Барселона и Челси. Фаворит на Руни била Барселона поради составот кој каталонците го имаа тогаш. Интерес имало и од Манчестер Сити, но поради ривалството со Јунајтед тие никогаш не биле опција за него.
„Мислам дека е добро документирано тоа дека Челси и Мурињо сакаа да потпишат со мене“, вели Руни.
„Ме сакаа и Реал Мадрид, Барселона, а мислам дека и Манчестер Сити но тие никогаш не беа опција за мене иако имаше и такви шпекулации. Другите три опции беа пореални“.
„Во тоа време, во тој период од два дена, во мојата глава се вртеше мисла дека сум подготвен да заминам и да одам да играм во Шпанија“.
„Идеално, сакав да одам во Барселона, но поблиску бев до Реал Мадрид отколку до Барселона. Челси секогаш беше тука исто така“.
„Да бидам искрен, два-три дена имаше комуникација меѓу мене, агентите и тимот“.
„Се сеќавам еден ден седнав и размислував „замисли да играм во тој тим на Барселона заедно со Меси, Чави, Иниеста и Бускетс“. Во тоа време Меси не играше каде што игра сега, на позиција 9. Тој бше по крилата“.
„Си мислев дека во таков тим перфектно ќе се вклопам“.
„Но по неколку дена зборував со Дејвид Гил, имаше и протести пред мојата куќа. Тогаш одлучив да го повлечам барањето за трансфер и да потпишам нов петгодишен договор“.