Руни стави крај на играчката кариера, ќе биде тренер на Дерби

Вејн Руни се пензионираше од активното играње фудбал откако беше именуван за перманентен тренер на Дерби.

35-годишниот напаѓач ја извршуваше функцијата на привремен тренер, а паралелно беше и играч на тимот.

Но сега стави крај на кариерата и потпиша две и пол годишен договор со Дерби за тренерската функција.

„Кога пристигнав во Дерби комплетно бев позитивно изненаден од потенцијалот кој го има овој клуб. Стадионот, тренинг центарот, квалитетот на играчите, младите фудбалери кои доаѓаа и се разбира фан базата. И покрај другите понуди, знаев дека Дерби е местото за мене. Чест ми е што ја добив тренерската работа и можам да им ветам на сите во клубот и на сите наши фанови дека ќе направам апсолутно се за остварување на потенцијалот на овој клуб за кој сум сведок“, изјави Руни.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе