Поради кариерата, трофеите, парите и перфектните стомачни

Руни: Сите сме му љубоморни на Роналдо, само еден фудбалер не му е љубоморен

Вејн Руни вели дека сите фудбалери му се љубоморни на Кристијано Роналдо за кариерата која ја направил Португалецот, единствен кој не му е љубоморен е Лео Меси.

Вејн Руни во понеделникот го советуваше Манчестер јунајтед да се ослободи од Кристијано Роналдо и да се фокусира на млади и „гладни“ играчи. Коментарите не му се допаднаа многу на ЦР7, кој му порача на Англичанецот дека е љубоморен.

Тренерот на Дерби сега реши да се помајтапи и порача дека сите му се љубоморни на Кристијано Роналдо, само Лео Меси не е.

„Видов што напишал. Би рекол дека нема фудбалер на планетава кој не му е љубоморен на Кристијано поради кариерата која ја има, трофеите кои ги освои, парите кои ги заработи... стомачните мускули и телото! Сите фудбалери, освен Лео Меси, му се љубоморни на Кристијано“ – вели Руни со насмевка на лицето.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе