Иако е фан на Евертон и легенда на Манчестер јунајтед

Руни: Фер е сезоната да заврши и Ливерпул да го освои трофејот

Иако беше член на најголемите ривали на Ливерпул, Евертон и Манчестер јунајтед, Вејн Руни смета дека момците на Клоп заслужуваат да го добијат пехарот од Премиерлигата оваа сезона без оглед на тоа што ќе се случува. 

Поради коронавирусот фудбалот во цела Европа е во застој, иако се споменуваат датуми за продолжување на сезоните, сето тоа е неизвесно поради состојбата со коронавирусот.
 
Вејн Руни кој кариерата ја почна во Евертон, градскиот ривал на Ливерпул, а потоа стана легенда на Манчестер јунајтед, смета дека црвените треба да го добијат трофејот.
 
„Ливерпул ќе ја освои Премиерлигата. Сега како што може да замислите, има фанови на Евертон кој постојано ми ѕвонат и ми велат дека сезоната треба да се прекине“, вели Руни.
 
„И се разбира, како фан на Евертон и некој кој играл 13 години за Манчестер јунајтед, има мал дел во мене кој мисли дека тоа би било добро... но не. Ливерпул беше фантастичен. Тие напорно работеа и ја заслужуваат титулата. Можете ли да замислите да чекате на неа 30 години и да ви ја земат на ваков начин?“.
 
„Фер е да заврши оваа сезона, дури и по цена да се пролонгира следната сезона“.
 
„Нема да ме изненади и оваа сезона да заврши кон крајот на годината“.
 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе