Пред неколку недели, Ел Мундо го објави договорот на Лео Меси со Барселона тежок 555 милиони евра за четири години. Аргентинецот ги одработува последните месеци од овој договор и летоска може да премине во друг клуб.
Баерн Минхен сигурно нема да биде следна дестинација, претседателот на „баварците“ Карл Хајнц Румениге вели дека тие не можат да си ја дозволат платата.
„Добро се изнасмеав кога ја видов платата на Меси. Можам само да му честитам бидејќи успеал да си обезбеди астрономски договор“ - вели Румениге во разговор со Кориере дела Сера.
„Ваквата ситуација со платите мора да се промени“.