ЕП У21 ПОЛСКА

Руи Жорж: Македонија ќе игра за својата гордост, ние сакаме убедливо да ја победиме

Селекторот на Португалија, Руи Жорж вели дека неговите избраници утре ќе се обидат да ја победат Македонија со колку што е можно повеќе голови разлика со цел да бидат најдобро второпласирана селекција и да стигнат до полуфиналето на Европското првенство.

Утре со почеток од 20:45 Македонија го игра последниот натпревар на Европското првенство во Полска, дуелот против Португалија која се уште има шанси за полуфинале.
 
Португалија ќе бара убедлива победа против нашата репрезентација за да може со шест бодови и подобра гол разлика од конкурентите да биде најдобро второпласирана селекција.
 
„Јас и целиот стручен штаб се обидовме да пресметуваме на колкава победа ќе ни треба, некои беа повеќе оптимисти од другите. Но тешко е да се прогнозира колкава победа ќе ни треба бидејќи после нашиот се натпреварите од групата Ц. Нашата прва цел ќе биде да победиме и ќе се обидеме тоа да биде со колку што е можно повеќе голови разлика“ - вели португалскиот селектор Руи Жорж.
 
„Македонија ќе се бори за да покаже зошто по прв пат е пласирана тука. Тие имаат своја национална гордост и сигурен сум дека ќе дадат се од себе за да остават добар впечаток за македонскиот фудбал“.
 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе