Серија А

Роналдо за три минути го реши Лацио и собори два рекорди (ВИДЕО)

Јувентус со 2-1 славеше над Лацио во дербито на 34. коло, Кристијано Роналдо со два гола ја предводеше „старата дама" до победа и испиша нова историја.

Скудетото полека му се смешка на Јувентус, откако ривалите не успеаја да фатат приклучок, избраниците на Маурицио Сари вечерва со 2-1 го совладаа Лацио и дојдоа на +8 на табелата на четири кола до крајот.

Во првото полувреме немаше многу шанси, Алекс Сандро од прекин ја погоди стативата, а на спротивната страна, во финишот од првото полувреме, Имобиле со удар од врвот на шеснасетникот ја стресе рамката од голот.

Продолжението од натпреварот беше многу поинтересно, второто полувреме беше отворено со шанса на Кристијано Роналдо, ЦР7 паднат закачи една топка, но обидот беше благ па Лацари расчити од гол линијата.

Но само неколку минути подоцна, еден удар на Роналдо заврши во раката на Бастос, судијата го извади прекршокот надвор од шеснаесетникот но по реакција на ВАР се корегираше и покажа на белата точка. ЦР7 превзеде одговорност и погоди за 1-0.

Само три минути подоцна, Лацио погреши на средината од теренот, Дибала и Роналдо се најдоа сами пред Стракоша, Аргентинецот несебично асистираше за втор гол на ЦР7 и водство од 2-0.

Едно недоразбирање помеѓу Бонучи и Шчесни во финишот донесе пенал за Лацио, Имобиле намали на 2-1 и најави неизвесна завршница. Гостите имаа прилика за бод, но обидот на Милинковиќ Савиќ од слободен удар беше одбранет.

На крајот, Јувентус се радуваше на три бода со кој е на чекор до нова титула, а Кристијано Роналдо испиша нова историја и собори два рекорди.

Португалецот стана првиот играч во историјата кој постигнал 50 или повеќе погодоци во Премиерлигата, Ла Лига и Серија А.

Исто така, тој успеа најбрзо да стигне до бројката од 50 погодока во Калчото. Рекордот претходно го држеше Андриј Шевченко на кого му беа потребни 69 натпревари, додека на Португалецот му беа потребни 61 натпревар.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе