Португалецот не можеше да издржи, емоциите го совладаа

Роналдо за прв пат виде необјавена снимка од неговиот покоен татко и се расплака сред интервју (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо не можеше да издржи и се расплака сред интервју со познатиот новинар Пирс Морган откако му беше покажана снимка од неговиот покоен татко, кој кажуваше колку е горд на својот син.

ИТВ објави дел од интервјуто долго еден час на Кристијано Роналдо со Пирс Морган, познатиот британски новинар и водител на утринската програма „Добро утро Британија“.

Кристијано Роналдо се расплака откако за прв пат виде необјавени снимки од неговиот покоен татко, кој кажуваше колку е горд на својот син.

„Никогаш не сум го видел ова видео, никогаш. Неверојатно. Мислев дека ова интервју ќе биде смешно, не очекував дека ќе плачам. Но никогаш не сум ги видел овие снимки. Не знам од каде ги најде... Морам да ги имам овие снимки, да ги покажам на моето семејство“ - рече Португалецот кој остана без својот татко две години по преселбата во Манчестер јунајтед.

„Никогаш не го запознав целосно мојот татко. Тој беше алкохоличар. Не беше таткото за кој сонував. Никогаш не сум имал нормален разговор со него. Имавме тежок однос“.

Жозе Динис Авеиро почина во 2005, поради алкохолизмот откажа неговиот црн дроб, па тој пропушти многу од неговите најголеми моменти во кариерата.

„Јас сум број 1 а тој не виде ништо. Не ме виде како ги добивам сите тие награди. Никогаш не виде колку голем фудбалер станав“ – кажува Роналдо со солзи во очите.

„Моето семејство сведочеше на моите успеси, мојата мајка виде, моите браќа, дури и мојот најстар син, но мојот татко, тој не виде ништо... почина млад“.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе