Серија А

Роналдо влезе како џокер од клупата и спречи Јувентус да го доживее првиот пораз (ВИДЕО)

Аталанта беше на добар пат прва да го земе скалпот на Јувентус во Серија А оваа сезона, но Кристијано Роналдо влезе како џокер од клупата и спречи пораз на незгодното гостување во Бергамо.

„Старата Дама“ останува без пораз, избраниците на Алегри попладнево беа во незавидна ситуација во Бергамо, губеа со 2-1 и играа со играч помалку, но Кристијано Роналдо влезе од клупата и донесе бод.

Јувентус добро го започна мечот и поведе веќе во 2. минута со автоголот на Џимшити. Запата во 24. минута одлично се ослободи од својот чувар и неодбранливо биеше за 1-1.

Бентанкур на стартот од вториот дел заработи втор жолт картон и исклучување, а само три минути подоцна, Запата погоди по втор пат за голема радост на Аталанта и водство на домаќините од 2-1.

Кристијано Роналдо потоа влезе во игра, и по еден корнер во 78. минута, ЦР7 се најде на право место и реализираше со глава  од пет метри за 2-2 . Во судиското надополнување за предност од 2-3 погоди Бонучи, но голот оправдано беше поништен поради офсајд ситуација.

Во дуелот на браќата Инзаги, Симоне беше поуспешен од Филипо откако Лацио со 0-2 триумфираше на гостувањето кај Болоња. Каљари со 1-0 ја совлада Џенова, а со истиот резултат Парма стигна до победа кај Фиорентина. Сампдорија со 2-0 го совлада Киево.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе