Серија А

Роналдо влезе и даде два гола, Јувентус убедлив против Специја (ВИДЕО)

Кристијано се врати на терените по три недели пауза поради ковид-19, ЦР7 влезе од клупата и даде два гола во убедливата победа на Јувентус против Специја.

По два нерешени натпревари во низа, „старата дама“ им се врати на победите во Серија А, вечерва избраниците на Пирло убедливо триумфира на гостувањето кај Специја.

Гостите поведоа во 14. минута, МекКини несебично го проигра Мората за 0-1. Домаќините сепак одговорија во 32. минута, Побега го матираше Буфон за 1-1.

По десетина минути игра во продолжението, Пирло реши дека е време за промена, го извади Дибала од игра и го вметка Кристијано Роналдо. ЦР7 беше надвор од стројот три недели поради ковид-19, но му беа потребни само три минути да се запише во листата на стрелци.

Португалецот доби топка во фор, се ослободи и од голманот и погоди за 0-2.

Во 67. минута, Рабио зголеми на 1-3 откако убаво се ослободи од противникот и итро биеше по земја на првата статива, за десет минути подоцна Кристијано Роналдо по втор пат да постигне гол.

Киеза беше соборен во шеснаесетникот, Роналдо ја изведе најстрогата казна и со „паненка“ од белата точка донесе 1-4.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе