Португалецот пред враќање во Премиерлигата

Роналдо веќе разговарал со Гвардиола, ЦР7 го гледа Сити како последна шанса за голем успех

Новинарот Гонсало Лопес вели дека Кристијано Роналдо веќе разговарал со Пеп Гвардиола, ЦР7 го гледа Манчестер Сити како последна шанса за голем успех пред да се пресели во МЛС шампионатот.

Кристијано Роналдо е многу блиску до враќање во Премиерлигата, ЦР7 начелно постигнал договор со Манчестер Сити за двегодишна соработка и плата од 15 милиони евра по сезона.

Новинарот Гонсало Лопес, кој објави дека „Кристијано Роналдо во Манчестер Сити е завршена работа“, откри повеќе информации.

Тој пренесува дека Кристијано Роналдо веќе разговарал со Пеп Гвардиола, и објаснува дека ЦР7 го гледа Манчестер Сити како последна шанса за голем успех пред да се пресели во МЛС шампионатот.

АС пренесе дека Сити го понудил Рахим Стерлинг како дел од трансферот а Јувентус го побарал Габриел Жесус. Според Гонсало Лопез, Макс Алегри пројавил интерес за Бернардо Силва, но фудбалерот преферира трансфер во Шпанија доколку замине од Етихад.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе